Quanta создаде хибриден Corvette C6 Z06 со 770 кс и 2,034 Nm – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Quanta создаде хибриден Corvette C6 Z06 со 770 кс и 2,034 Nm

Американската тјунинг компанија создаде додатен хибриден пакет за Chevrolette Z06, кој значитело ја зголемува испораката на сила.

Додека повеќето автомобилски производители ја користат хибридната технологија за да ја подобрат економијата на возење, хибридниот пакет на Quanta е дизајниран да ги напумпа перформансите на автомобилот. Нивниот пакет содржи два електрични мотори кои се монтираат на задниот диференцијал и работат заедно со познатиот LS7 агрегат со 505 кс.

Секој електричен мотор испорачува по 134 кс и ја влече неговата сила од литиум-полимерски батерии со вкупен капацитет од 11.3 kWh, кои се полнат при возење или во мирување преку кабел. Благодарение на оваа комбинација, автомобилот може да понуди импресивна вкупна моќност од 770 кс и огромен вртежен момент од 2,034 Nm.

Според Quanta, моделот може да постигне забрзување од 0-100 км/ч за 3.3 секунди и да помине четвртина милја за 11.3 секунди. Овој пакет ќе биде изложен во текот на наредниве денови на автомобилскиот саем за тјунинг SEMA во Лас Вегас, а доколку се пројави поголем интерес, компанијата ќе започне со негова продажба.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.