Подновување на Nissan GT-R за 2014 година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Подновување на Nissan GT-R за 2014 година

Покрај најсилната Nismo изведба, Nissan го прикажа и обновениот модел на GT-R за 2014 година, на автомобилскиот саем во Токио.

Новиот модел изгледа речиси идентично со сегашниот модел, но донесува серија подобрувања кои му даваат покомфортно возење, поголема префинетост и полуксузен ентериер. Малите измени на екстериерот се однесуваат на светлосни групи со нова LED технологија, изменети задни светла со светлечки прстени и нова црвена перла боја. Nissan исто така нуди и опционален карбонски заден спојлер, кој тежи половина од стандардниот.

2014-Nissan-GT-R-JDM-spec-11[3]

Во внатрешноста, новиот модел доаѓа со избор од три шеми на бои, вклучувајќи и опција за детали од слонова коска. Воланот добива кожна обвивка, додека кожните седишта се одликуваат со украсни шевови. Буката во кабината е намалена, благодарение на подобрената изолација.

Суспензијата е исто така прилагодена да овозможи подобра стабилност и попостојана тракција. Моделот е опремен со подобри системи за сопирање и управување, како и нови Dunlop SP Sport Maxx GT 600 DSST CTT пневматици кои ветуваат извонредни перформанси цо сите услови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.