Volvo S60 и V60 Polestar – Спортски перформанси во гените! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo S60 и V60 Polestar – Спортски перформанси во гените!

После неколку тизер фотографии и видеа, Polestar ги објави своите најнови изведби – V60 и S60. Со 345 КС овие автомобили ветуваат многу!

Кога Polestar огранокот претставува нов модел, тоа е секогаш проследено со големо внимание, а уште еднаш Швеѓаните покажуваат дека има причина за тоа.

Volvo-S60-V60-Polestar-6[2]

Сепак иако Polestar претстави два свои модели, поголемото вниамние е свртено кон V60, затоа што токму овој автомобил е наследникот на легендарното Volvo 850 BTCC кое има голема историја. V60 навидум изгледа стандардно, но сепак тука се спортските детали и аеродинамичниот пакет. Исто и S60 сега изгледа како вистински спортист и со својот изглед кажува дека под поклопецот за моторот се крие нешто интересно.

Токму така, сега тука се наоѓа 3.0 литарскиот T6 мотор со турбо-компресор кој испорачува дури 345 КС и 500 Nm вртежен момент! 345-те КС се пренесуваат на сите четири тркала со помош на 6-степениот автоматски менувач.

Но како овие бројки се однесуваат на асфалт? Едноставно – Volvo V60 и S60 нудат прилично спортски перформанси, а тоа ни го покажува и забрзувањето од 0 до 100 km/h кое трае импресивни 4,9 секунди (за двата модели) и максималната брзина која е електронски лимитирана на 250 km/h. Но, за овие перфоманси да бидат пренесени уште подобро тука се новата потврда суспензија и поголемите сопирачки.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.