full screen background image
Search

LA Auto Show 2013 – Што ќе видиме?

Моментално вниманието е биде свртено кон Лос Анџелес. Таму се одржува новиот саем за автомобили каде очекуваме да видиме огромен број концепти и неколку светски премиери. Да разгледаме што сè нè очекува таму.

Ние веќе ви претставивме неколку новитети, меѓу кои беше и прекрасниот Jguar F-Type Coupe. Но тоа не е се, LA Car Show ќе биде домот на уште неколку големи светски премиери!

За прв пат пред јавноста ќе биде претставено 4-Series Coupe Convertible на BMW. Ние веќе сме запознаени со овој автомобил, за кој се зборува многу. Исто така од BMW ќе биде претставен и BMW Concept X4 – спортски орентираниот кросовер.

Неодамна шанса да се запознаеме и со GLA 45 AMG Concept-от на Mercedes, а исто така го видовме и алуминиумскиот AMG Vision Gran Turismo кој сите „ќе го возиме“ во Gran Turismo 6. Mercedes исто така го претстави и своето ново чудовиште – SLS AMG Final Editions – лимитирана серија на добро познатиот SLS. Сепак тука во LA ќе се запознаеме и со најмоќната S-Class до сега – S 65 AMG која нуди монструозни 621 КС од V12 моторот!

Меѓу другото, во наредниве неколку дена одблиску ќе се запознаеме и со Aston Martin Vanquish Volante Neiman Marcus Edtion како и со уште неколку супер автомобили и концепти.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.