Откриен новиот Jaguar F-Type Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Откриен новиот Jaguar F-Type Coupe

Jaguar ja претстави купе изведбата од прекрасниот кабриолет F-Type, која одблизу го следи C-X16 концептот од 2011 Франкфурт мотор шоу.

Новиот купе модел на Jaguar e јавно изложен на автомобилскиот саем во Лос Анџелес, а неговата продажба ќе започне од Пролет 2014, во три верзии од кои најсилната е со ознака „R“ и 550 коњски сили.

Основната варијанта користи 3.0-литарски V6 агрегат кој со помош на компресор произведува 340 кс, што резултира со забрзување од 0-100 км/ч за 5.1 секунди и максимална брзина од 259 км/ч.

New-Jaguar-F-Type-Coupe-32[2]

Едно ниво погоре се наоѓа „S“ моделот кој ја црпи силата од засилена верзија на 3.0-литарскиот V6 со компресор. Тој располага со 380 кс и може да постигне забрзување од 0-100 км/ч за 4.8 секунди, како и максимална брзина од 275 км/ч.

Третиот најсилен „R“ модел е погонуван од истиот 5.0-литарски V8 агрегат со компресор вграден во моделите XKR-S и XKR-GT, кој испорачува 550 кс. Тоа се цели 55 кс повеќе од роудстер моделот со истата назнака. Автомобилот може да забрза од место до 100 км/ч за само 4.0 секунди и да достигне електронски ограничена максимална брзина од 299 км/ч.

New-Jaguar-F-Type-Coupe-68[2]

Сите три агрегати се усогласени со осум-степена автоматска ZF трансмисија со секвенцијална контрола, која ја пренесува силата кон задните тркала.

Jaguar F-Type Coupe ќе може да се добие со алуминиумски или панорамски стаклен покрив, како и систем за сопирање со карбонски керамички дискови. Се очекува неговата цена да започнува од околу 60,000 евра за основниот модел, до 100,000 евра за врвната “R” верзија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.