Со распоред од три седишта, централна позиција на возење и атмосферски Cosworth V12 мотор, S1 во секој поглед делува како модерен наследник на F1.
S1 се базира на карбонската монокок шасија што се користеше во S1 LM но сега ги заменува фиксните аеродинамички елементи со помазни линии на каросеријата и активна задна аеродинамика.
За погонот е задолжен посебно изработен 4,2-литарски Cosworth V12 мотор со моќност до 690 коњски сили кој се врти до неверојатни 12100 вртежи во минута.
V12 моторот ја пренесува моќноста преку шестстепен мануелен менувач со подолга шеста брзина за крстарење и подобрен механизам на кабли за попрецизно менување.
S1 ја задржува ширината на трагата на тркалата од S1 LM, лесната суспензија и пошироките гуми, но амортизацијата е преработена за повисоко ниво на комфор.
Интегрираниот активен заден аеродинамички систем го заменува големиот фиксен спојлер, предниот сплитер и длабоките странични прагови од S1 LM.
Од Gordon Murray Special Vehicles наведуваат дека аеродинамиката е прилагодена за стабилност при високи брзини и поддршка при сопирање, а не за рекордни бројки на потисна сила, ослонувајќи се на севкупниот механички баланс.
Секој надворешен панел на S1 е потполно нов, со почист профил и светла кои го разликуваат од S1 LM, а сепак оддаваат почит на компактниот облик на оригиналниот McLaren F1.
Во внатрешноста, кабината со три седишта ја задржува централната позиција за возење, но добива повеќе кожа, специјални ткаенини и дополнителна звучна изолација.
Ќе бидат произведени само 64 примероци и.. остатокот од реченицава веројатно на сите ви е јасен.












