Mercedes Concept GLA 45 AMG дебитираше во Лос Анџелес – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes Concept GLA 45 AMG дебитираше во Лос Анџелес

Mercedes-Benz го одбра автомобилскиот саем во Лос Анџелес за премиера на студиската изведба на кросовер изведбата од A45 AMG.

Иако моделот е најавен како концепт, очекуваме дека GLA во Edition One варијанта ќе изгледа идентично како ова што го гледаме на сликите, додека кај стандардниот GLA 45 AMG нема да ги има шарите на каросеријата, црните 21-инчни алуминиумски фелни со црвена линија, аеродинамичките крилца на предниот браник и задниот кровен спојлер.

Под поклопецот се наоѓа истиот 2.0-литарски турбополнет агрегат со 360 кс и 450 Nm, усогласен со седум-степена трансмисија со двојна спојка и погон на сите четири тркала како кај A45 AMG. Ова му овозможува на концептот забрзување од место до 100 км/ч за помалку од пет секунди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.