Нов кросовер од Honda во Токио – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов кросовер од Honda во Токио

Honda разоткри нов сериски модел на автомобилскиот саем во Токио, кој ќе биде наречен Vezel на Јапонскиот пазар.

Претходно најавен преку Urban SUV концептот во Детроит, автомобилот се одликува со спортски дизајн со скриени рачки на задните врати, и изгледа како мешавина од Civic и CR-V. Тој ќе биде лансиран на Европскиот пазар во текот на 2015, со име кое тогаш ќе биде објавено.

Во Јапонија ќе биде достапен во две верзии – бензинска и хибридна. Бензинскиот модел ќе биде опремен 1.5-литарски бензински агрегат, додека пак хибридниот ќе го комбинира истиот агрегат со електричен мотор.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.