Официјално: Nissan го претстави новиот Qashqai – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Nissan го претстави новиот Qashqai

Пред само неколку минути, Јапонскиот производител ја претстави новата, втора генерација на популарниот градски, компактен SUV.

Оригиналот, кој се произведува од 2007-мата година е продаден во повеќе од 2 милиони примероци. Ова беше доволна мотивација за инженерите на Nissan да посветат сериозно внимание на наследникот, и да го подобрат во секој можен поглед. Новиот Qashqai е 20 милиметри поширок, 49 милиметри подолг и 15 милиметри понизок од претходникот, и може да се пофали со впечатлив дизајн благодарение на новите заоблени линии. Покрај тоа, новиот Qashqai носи и иновации во класата, како што се предни светла целосно изработени со LED технологија, кои не само што произведуваат поквалитетна светлина, туку користат и 50% помалку електрична енергија.

nissan-qashqai-interior

Nissan гордо најавува дека Qashqai има коефициент на отпор на воздухот од само 0.32 Cd, и дека инженерите и дизајнерите посветиле многу внимание на овој елемент, како би се намалила потрошувачката и би се зголемила и подобрила рафинираноста на автомобилот во целост.

Секако, многу внимание е посветено и на практичноста – Qashqai нуди 430 литри зафатнина на багажниот простор (20 повеќе од досегашниот модел) а вратата на багажниот простор се отвора 150 милиметри повисоко, со цел полесен пристап до багажникот.

Во понудата, очекувано, ќе се најдат бензински и дизел агрегати. Боите на бензинците ќе ги бранат 1.2-литарскиот DIG-T со турбо-полнач и 115 коњски сили и 190 Nm, како и 1.6-литарскиот DIG-T, исто со турбо полнач, но со 150 коњски сили и 240 Nm вртежен момент. И за двата мотори Nissan најавува идентична, ниска потрошувачка од само 5.6 литри на 100 изминати километри, но 1.2-литарскиот ќе има емисија од 129 грама CO2 на изминат километер, додека кај поголемиот таа изнесува 132 грама CO2 на изминат километар.

Поврзано:   Nissan и Honda разгледуваат опции за заедничка соработка

nissan-qashqai-rear

За љубителите на дизел-моторите, тука се 1.5-литарскиот dCi со 110 коњски сили и 1.6-литарскиот dCi со 130 коњски сили. Првиот ќе има емисија од само 99 грама CO2 на изминат километар и потрошувачка од импресивни 3.8 литри на 100 изминати километри, додека поголемиот ќе има емисија од 115 грама CO2 на изминат километар и потрошувачка од 4.4 литри дизел на 100 изминати километри.

Сите мотори ќе се нудат со старт/стоп технологија и други технологии за намалување на потрошувачката, а во понудата ќе се најде и Xtronic автоматскиот менувач кој е базиран на CVT технологија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.