Утринска Гимнастика: Gran Turismo 6 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Gran Turismo 6

Polyphony Digital, компанијата која ја развива видео играта за Sony, претстави нов трејлер од претстојната едиција на најпознатата автомобилска симулација – Gran Turismo.

Шестата генерација пристигнува на полиците од продавниците за точно еден месец, а исто така е несомнено очекувана бидејќи може да се игра на PlayStation 3. Изборот на автомобили е огромен и содржи 1,197 модели, па речиси е невозможно да не го најдете вашиот омилен автомобил. Погледнете го видеото и уживајте во одличната графика!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.