Volkswagen настапи со три возила на SEMA 2013 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen настапи со три возила на SEMA 2013

Volkswagen го прикажа претходно најавениот Golf и две модивфицирани Jetta модели на најпознатиот тјунинг саем во светот.

Како што претходно беше најавен, синиот Golf од седмата генерација подлегна на третман од компанијата H&R. Таа го опреми моделот со прилагодлива суспензија која го “залепува” автомобилот до подлогата, 19-инчни Rotiform фелни и Brembo сопирачки. Агресивниот дизајн е добиен со VW Accessories бодикит, заден спојлер и двоен издувен систем.

Двата примероци на Jetta се дело на тјунинг компанијата FMS. Таа го опремила синиот со 1.8-литарски TFSI агрегат со 170 кс, додека белиот го благословила со значително надградена везија на 2.0-литарскиот TFSI мотор на 425 кс. Белиот модел е уреден во агресивен стил со поширок бодикит, а сината Jetta е уредена во чест на класичниот Jetta GLI Helios Special модел од 1989 година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.