Објавени новите, пониски цени на горивата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Објавени новите, пониски цени на горивата!

Регулаторната комисија тукушто ги објави новите цени на горивата, кои од вечерва ќе бидат малку намалени!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.09%. Преведено во реални цени, тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 од вечерва на полноќ ќе се продаваат по цена за 1.5 денари пониска од досегашната – 81.00, односно 82.50 денари за литар гориво. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0.50 денари и еден литар ќе се продава по цена од 69.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.