Следното Audi Q7 одложено заради „итен редизајн“? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Следното Audi Q7 одложено заради „итен редизајн“?

Q7 е успешен и важен модел за брендот од Инголштад, па заради тоа челниците сакаат да бидат сигурни дека успехот ќе продолжи.

Според добро информирани извори, следната генерација на Audi Q7 која наскоро требаше да се појави на пазарот е „одложена на неодредено време“ заради потребата од итен редизајн. Моделот е веќе долго време на пазарот и конкуренцијата веќе исфрли нови модели, па се очекуваше Audi да ја претстави следната генерација на овогодинешниот саем во Франкфурт, но може да се случи тоа да биде одложено за следната година.

Моменталниот дизајн на следната генерација на Q7 бил оценет како „премногу агресивен и масивен,“ па главните луѓе на Audi побарале редизајн. Токму тој редизајн може да биде причина појавувањето да биде одложено и покрај очекуваниот трошок од околу 195 милиони евра потребни за неговото изведување. Сепак, и покрај редизајнот работата на овој модел продолжува – и ќе можеме да очекуваме неколку различни погонски изведби кога моделот конечно ќе се појави на пазарот – покрај очекуваните бензински и дизелски верзии, најавена е и хибридна изведба, како и можен електричен модел кој би ја носел E-Tron ознаката.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.