K-Tеc го засилува Renault Twingo RS на 163 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

K-Tеc го засилува Renault Twingo RS на 163 кс

Британскиот тјунер K-Tec претстави пакет за зголемување на силата на Renault Twingo RS 133, за сите оние кои фабричките перформанси не им се доволни.

Пакетот содржи целосен издувен систем, нова брегаста осовина и репрограмирање на компјутерската единица. Со монтирање на овие додатоци, силата на автомобилот се зголемува од фабричките 133 кс при 6,500 вртежи на 163 кс при 7,000 вртежи, додека вртежниот момент се качува од 160 Nm при 3,500 вртежи на 192 Nm при 4,250 вртежи во минута.

Renault-K-Tec-2[4]

Според K-Tec, засилениот Twingo забрзува многу поживо и може лесно да ги надмине забрзувањето и максималната брзина на стандардниот модел со 133 кс, кое може да постигне брзина од 100 км/ч за 8.7 секунди и максимални 201 км/ч.

Целиот пакет, кој е опфатен со 12 месечна гаранција, во Велика Британија чини 2625.60 фунти со вклучен данок.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.