full screen background image
Search

Научник од Британија открил како да се пробие електронската заштита на Bentley, Porsche, Lamborghini..

Професор по Компјутерски Науки од Британија успеал да го пробие системот за заштита на луксузни возила кој го користи VW групацијата.

Flavio Garcia, кој предава на University of Birmingham успеал да го пробие системот за електронска заштита на луксузните возила на VW групацијата откако успеал да го открие алгоритмот кој овој систем го користи и се нарекува Megamos Crypto. Тој и двајца негови колеги по криптографија од Холандскиот Stichting Katholieke Universiteit со кои заедно работеле на истражувањето на тајните на овој систем, планирале да ги објават своите наоди на научна конференција преку академски труд.

Сепак, судија од Обединетото Кралство го забранил објавувањето на трудот со наслов „Dismantling Megamos Crypto: Wirelessly Lockpicking a Vehicle Immobiliser” кој требаше да биде објавен на Usenix Security Симпозиумот во Вашингтон со образложение дека благодарение на тој труд, крадци опремени со соодветната опрема би можеле да ја пробијат заштитата на возилата и полесно да крадат луксузни возила.

Од една страна, разбирлива е желбата на Volkswagen групацијата да ги заштити своите возила и нивните купувачи, но Garcia и неговите колеги ја оправдувале својата намера со идејата дека со објавувањето на нивните наоди уште повеќе ќе се работи на безбедноста на возилата и таа би била подобрена во иднина, и дека нивниот труд е со академска мотивација, без никаква желба да им се помогне на крадците на возила. Според нив, јавноста има право да ги знае слабостите на системите кои се грижат за нивните возила. Без јавно информирање, автомобилската индустрија и крадците знаат колку е слаба безбедноста, но јавноста не. На  Garcia и негвоте колеги им било понудено да го објават својот труд, но без да ги објавуваат специфичните кодови за Megamos Crypto – опција која тие ја одбиле.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Volkswagen го претстави освежениот Polo GTI

Во секој случај, се надеваме дека челниците на Volkswagen групацијата, како и на другите автомобилски производители сериозно ќе ја сфатат оваа група на луѓе и дека уште повеќе внимание ќе посветат на системите за заштита од кражба кои ги вградуваат во нивните автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.