Peugeot 2008 промовиран во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 2008 промовиран во Македонија!

Популарниот crossover на Peugeot со ознаката 2008 од денес е достапен и во салоните на францускиот бренд во Македонија!

Малиот урбан кросовер – 2008 – се покажува како навистина успешен модел за Peugeot. Веќе пишувавме дека Peugeot двојно ќе го зголеми производството на овој модел со цел да ја задоволи побарувачката. Од денес, 2008 е достапен и во Македонија.

Во понудата се достапни два бензински и два дизел мотори. Најмалиот бензинец е со зафатнина од 1.2 литри и нуди 82 коњски сили. Посилниот е 1.6 со 16 вентили и 120 коњски сили. Кај дизелите гордоста ја бранат 1.4 HDI со 68 коњски сили, и 1.6 е-HDI со 92 и 112 коњски сили.

Ќе се нудат три нивоа на опременост – Access, Active и Allure. Основното ниво на опрема е со ABS, ESP, воздушни перници за возачот и совозачот, воздушни завеси, серво уред, темпомат, електрични прозори напред, централна брава, трип компјутер, итн. Кај Active се добива сето ова, плус клима уред, електрични ретровизори, мултимедијален уред осетлив на допир со 6 звучници, Bluetooth, USB приклучок, дневни светла во LED технологија, магленки и уште многу ситници. За највисокото ниво на опрема се резервирани алуминиумски фелни, автоматски двозонски клима уред, седишта обложени со кожа и текстил, сензори за паркирање, и многу, многу повеќе.

Цените започнуваат од 14.330 евра за најевтиниот бензинец, односно 15.930 за најевтиниот дизел. Најскапата варијанта, односно Peugeot 2008  1.6 e-HDI со 112 коњски сили и Allure ниво на опременост чини 21.370 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.