Peugeot двојно ќе го зголеми производството на моделот 2008! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot двојно ќе го зголеми производството на моделот 2008!

Францускиот производител најави дека ќе активира уште една смена за производство на кросоверот 2008 за да успее да ја задоволи побарувачката за овој популарен модел!

Моделот 2008 се покажува како популарен кај купувачите, па иако Peugeot предвидуваше дека ќе произведува околу 5000 примероци месечно, со последните најави тие двојно ја зголемија оваа бројка. Од септември, втора смена ќе започне со производство на 2008 во Mulhouse фабриката во јужна Франција.

До сега направени се преку 16.000 нарачки за малиот кросовер, а според аналитичарите на IHS Automotive, 2008 ќе стане најпродаваниот мал кросовер на стариот континент. Во оваа категорија припаѓаат Nissan Juke, Opel Mokka и Renault Captur. До 2015-та година би требало годишно да се продаваат околу 200.000 примероци од Peugeot 2008, највеќе во Европа, Кина и Јужна Америка.

Активностите на Peugeot се забележливи и кај нас – викендов Peugeot приреди дружење на семејствата посетители на забавниот парк во Скопје, каде присуствуваа и заштитните лица на брендот кои ги израдуваа најмладите, а посетителите имаа можност да се дружат со Peugeot 301.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.