Утринска Гимнастика: BMW M5 во кружен дрифт околу Mercedes C63 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: BMW M5 во кружен дрифт околу Mercedes C63

За време на нивниот престој на Volkswagen собирот во Worthersee, Vossen снимиле и малку поинаков вид на возење од нивните вообичаени видеа.

Во претходно објавеното видео, Vossen прикажаа дел од атмосферата на фестивалот, неколку автомобили опремени со фелни од нивно производство, како и два автомобили, кои воопшто не ни беше јасно што бараат тука. Сепак, овие BMW M5 и Mercedes C63 се заслужни за најинтересниот дел од видеото.

Сега, ви претставуваме како се снимаше тоа мало, но слатко парче исполнето со многу чад и траги од гуми!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.