Ford 1.0 Ecoboost повторно e Интернационален мотор на годината! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford 1.0 Ecoboost повторно e Интернационален мотор на годината!

Тука се резултатите за Интернационален мотор на годината 2013-та, а најголемиот победник е Ford-овиот 1.0-литарски три-цилиндарски турбо бензински агрегат, освојувајќи ја титулата втора година по ред.

Со вкупно 479 поени, 1.0 EcoBoost е подобар од новиот второпласиран 1.4 TSI агрегат на VW кој оваа година освои 408 поени, а како нов третопласиран е 2.0-литарскиот четири-цилиндарски твин-турбо од BMW со освоени 247 бодови. Освен глевната награда, малиот мотор на форд ја присвои и наградата за најдобар мотор во својата категорија под 1.0-литри.

Најдобар во категоријата за нов мотор е назначен 1.4-литарскиот TSI на Volkswagen, додека за зелен мотор на годината е изгласан Fiat-овиот 0.8-литарски два-цилиндарски турбополнет агрегат кој конзумира земен гас. Наградата за најдобар перформансен мотор на годината повторно отиде кај Ferrari, но оваа година за 6.3-литарскиот V12 агрегат од F12 Berlinetta, наместо минатогодишниот победник 4.5-литарскиот V8 од 458 Italia, кој заврши на второто место.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.