CARclub зад сцените на снимањето на новиот видео-спот на Зад Аголот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub зад сцените на снимањето на новиот видео-спот на Зад Аголот!

Неодамна ја имавме таа чест и привилегија да присуствуваме на снимањето на видеото за новата песна на Зад Аголот, наречена Јас и Ти!

Нашите пријатели од Зад Аголот имаа потреба од уникатен автомобил за нивниот нов видео спот, а ние успеавме да обезбедиме еден голем огромен Buick Park Avenue! Американската копнена јахта дојде со замашен 4.1-литарски V6 и околу 180 коњски сили, но покрај тоа нуди и навистина многу шарм, а сите минувачи на улиците се вртеа кога ќе го видеа овој несекојдневен примерок.

За видеото беше задолжен Бранко Блажевски, со кого го направивме нашиот видео тест на Toyota GT 86. Подолу можете да видите неколку фотографии од „позади сцената“ и да видите како се одвиваше снимањето на дел од овој видео спот, но и да го погледнете видеото за песната. Уживајте!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.