Официјално: Seat Leon Sports Coupe – Динамична спортска икона! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Seat Leon Sports Coupe – Динамична спортска икона!

Seat официјално го претстави три-вратниот Leon SC, кој ќе дебитира во Март на автомобилскиот саем во Женева.

Шпанскиот производител ги објави првите фотографии од три-вратната верзија на новиот Leon. Иако на прв поглед изгледа дека Seat едноставно само ги отстранил задните врати, споредена со стандардниот модел, SC варијантата има 35mm пократко меѓуоскино растојание, кое сега изнесува 2600mm и 4230mm вкупна должина. Линијата на покривот е снижена за да му даде уште поспортски изглед на автомобилот. Овој дизајнерски јазик е инспириран од Seat-овите концепти IBE, IBL и IBX.

Ентериерот како и палетата на мотори се преземени од пет-вратниот модел. Најекономичен агрегат од понудата е 1.6-литарскиот TDI опремен со Start/Stop систем, кој има просечна потрошувачка од 3.8 литри/ 100км со емисија на издувни гасови од 99 грама на километар. Во понудата ќе бидат и 2.0 TDI со 150кс, 1.2 TSI со 105кс, 1.4 TSI со 140кс и 1.8 TSI со 180кс. Суспензијата е исто така преземена од стандардниот модел, што значи дека SC има MacPherson напред и торзиона оска позади за верзиите со помалку од 150кс, додека тие со повеќе ќе имаат мулти-линк.

Гамата на модели од Leon ќе се прошири подоцна годинава со уште еден ST модел, додека во 2014 Seat ќе ги претстави најсилните Cupra верзии на сите три верзии на каросеријата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.