Официјално: BMW M6 Gran Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: BMW M6 Gran Coupe

Чекавме и го дочекавме – BMW M6 Gran Coupe! Заедно со купе и кабриолетската изведба на М6, се придружува и новата, трета верзија наречена Gran Coupe.

После многуте шпионски фотографии од M6 Gran Coupe, BMW одлучи и официјално да претстави повеќе фотографии и детали за новиот спортски седан.

Седан верзијата на M6 ќе ги има истите механички и естетски модификации како и купе и кабриолет верзијата, освен тежината која нормално се накачува со новите две врати и поголемиот багажен простор.

Под поклопецот се наоѓа веЌе познатиот 4.4 литарски twin-turbocharged V8 мотор кој веќе се вградува во BMW M5, како и во купе и кабриолетската изведба на M6. Моторот располага со 553 КС и 680 Nm вртежен момент, што е “сосема доволно” за еден седан.

Заедно со 553 КС доаѓа и седум степениот M Double Clutch автоматски менувч како и неколку технолошки “гаџети” како Launch Control за максимално забрзување! Така М6 Gran Coupe забрзува од 0 до 100 km/h за само 4,2 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h, но M-пакетот ги нема овие ограничувања па така максималната брзина изнесува 305 km/h.

Како и кај M6 Coupe и M6 Cabriolet, така и Gran Coupe изведбата доаѓа со новиот M aero боди кит кој вклучува поспортски надворешен изглед и спортски пакет во внатрешноста (спортски волан, спортски седишта итн.).

Цената на M6 Gran Coupe во Европа започнува од 128.000 евра.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.