Денес ги имаме првите официјални фотографии од спортската верзија на MINI Paceman – John Cooper Works Edition. Пред самото претставување, да видиме како изгледа и што нуди Paceman JCW Edition!
John Cooper Works верзијата на Paceman е уште пожешка верзија од веќе познатиот Paceman Cooper S. Тоа значи дека под поклопецот на Paceman JCW се наоѓа истиот мотор кој го видовме и кај Countryman JCW, односно 1.6 литарскиот турбо мотор кој има моќност од 215 КС и 280 Nm вртежен момент.
Од фотографиите може да забележиме дека кросоверот на MINI сега има нов аеро пакет кој вклучува нови браници, различни елементи на предната маска, странични прагови, поголем издувен систем како и нови поголеми алуминиумски фелни.
Останува да видиме дали MINI ќе одлучи официјално да го претстави Paceman JCW во Детроит во јануари или пак ќе мора да почекаме до саемот во Женева кој ќе биде во март идната година.