Официјално: Volkswagen Polo R WRC Street – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Volkswagen Polo R WRC Street

По повод враќањето во светскиот рели шампионат, Volkswagen ја претстави лимитираната верзија на Polo, наречена R WRC Street, која беше прикажана како прототип на Wörthersee во Мај.

Ова е најбрзото Polo направено некогаш, а неговиот изглед остана верен на концептот. Базирано е на петата генерација на Polo, опремено е со 2.0-литарскиот четири-цилиндарски турбо бензински агрегат од Golf GTI, но засилен на 217 кс и 349 Nm максимален вртежен момент. Силата се испорачува кон предните тркала преку краток шест-степен рачен менувач.

Забрзувањето од 0-100 км/ч трае само 6.4 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 250 км/ч. Volkswagen тврди дека моделот може да се пофали со просечна потрошувачка од 7.4 литри на 100 километри. Возилото вози на 18-инчни алуминиумски тркала обвиени во 215/35R18 гуми и има 16-инчни диск сопирачки.

Екстериерот е изменет со нов понизок и поспортски преден браник со поголеми отвори за воздух, заден дифузер и спојлер на задниот крај на кровот. Обоен е во истите две бои -плава и сина како неговата натпреварувачка верзија и има неколку “R” и “WRC” ознаки. Во внатрешноста се забележуваат нови седишта со WRC ознаки, волан обвиен во алкантара и тркачки педали.

Ограничен на само 2,500 примероци, Volkswagen Polo R WRC Street ќе се продава само со волан од лева страна и ќе чини 33,900 евра. Купувачите можат да ги поднесат своите нарачки уште денес, а првите примероци ќе пристигнат во Септември следната година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.