Volkswagen е веќе подготвен да им се спротивстави на Citroen, Ford и Hyundai за светската рели титула во следната сезона на WRC.
Му дојде крајот и на погодувањето на бојата на каросеријата и идентитетот на спонзорот на новиот член на WRC семејството – Volkswagen ја одбра белата боја, a нивен партнер ќе биде неодамнешниот спонзор на Citroen, Red Bull.
Volkswagen планира првата сезона да ја искористи за учење и да стекне искуство, а дали овие зборови се само дел од дипломатскиот речник и дали може VW да смета на победа, ќе видиме за неколку седмици кога ќе започне првото рели од сезоната во Монте Карло.
Што се однесува до возачите, Себастиен Ожие и Јари Мати Латвала ќе учствуваат на сите настани, додека Андреас Микелсен ќе им се придружи на третото рели од сезоната во Португалија. Нивниот автомобил – Polo R WRC – располага со 1.6-литарски турбо бензински агрегат кој произведува 315 кс. Неговото забрзување од 0-100 км/ч трае само 3.9 секунди, а силата се испорачува кон сите четири тркала.