Премиера: Третата генерација на Skoda Octavia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Третата генерација на Skoda Octavia

Третата генерација на Octavia е првиот модел на Skoda кој ја користи новата MQB платформа на групацијата VW, над која се поставени Golf 7 и новите генерации на Audi A3 и Seat Leon.

Споредена со моделот кој го заменува, новата Octavia е за 90mm подолга, 45mm поширока и има за 108mm подолго меѓуоскино растојание, од што најмногу придобивки ќе има просторот во ентериерот. Според ова, моделот е долг 4,659mm, широк 1,814mm, со меѓуоскино растојание од 2,686mm и најголем багажен простор во класата со волумен од импресивни 590 литри.

Надворешниот дизајн на автомобилот е еволутивен и конзервативен, сличен со оној на претходниот модел пред да го има својот фејслифт. Дизајнот на ентериерот е типичен за моделите од VW групацијата, со најновите мултимедијални системи и останати технолошки додатоци, вклучувајќи ја можноста за препознавање на сообраќајни знаци, интелигентен асистент за светла кој автоматски менува во долги светла и ги враќа на средни, панорански сончев кров и селекција на мод на возење.

Новата Octavia ќе пристигне на Европскиот пазар следната пролет со избор од осум турбополнети бензински и дизел агрегати. Тука се вклучени 1.4-литарски TSI со 122 кс, 1.8-литарски TSI со 180 кс и 1.6-литарски TDI, кој во Greenline верзијата испорачува 110 кс со просечна потрошувачка од 3.4 литри на 100 километри.

Ќе може да се одбере рачен или DSG менувач, а во понуда е и погон на сите тркала. Најсилната RS верзија со истиот 2.0-литарски турбо агрегат како претстојниот Golf GTI ќе биде претставен при крајот на следната година.

Новата Octavia ќе биде јавно претставена на автомобилскиот саем во Женева наредната година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.