Деновиве M6 GranCoupe привлекува големо внимание. Неколкуте шпионски фотографии само придонесоа BMW да објави неколку teaser фотографии пред официјалната промоција.
Нормално сеуште нема никакви технички информации за M6 GranCoupe кој официјално online ќе биде претставен идниот месец, додека првото појавување пред јавноста ќе го има во јануари идната година во Детроит.
Најинтересниот дел кај овој модел е секако моторот за кој сеуште нема официјални информации, но се претпоставува дека 4.4 литарскиот V8 турбо-мотор кој нам ни е познат од купе и кабриолетската изведба на M6, ќе биде и под поклопецот на M6 GranCoupe. Овој мотор развива неверојатни 560 КС и 502 Nm вртежен момент.