CARclub го прослави вториот роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub го прослави вториот роденден!

Во саботата вечер, со нашите пријатели, редовни посетители но и многуте членови на нашиот форум го прославивме вториот роденден на CARclub.mk!

Пред две години го започнавме и го изградивме најголемиот автомобилски форум во Македонија, а пред една година го лансиравме нашиот портал, кој во изминатава година прерасна во читан, почитуван и интересен автомобилски медиум! За сето тоа им благодариме на членовите на нашиот форум но и на нашите редовни посетители и читатели! Не би биле тука да не бевте сите вие!

Две години подоцна, можеме да се пофалиме со одличен форум, и тоа со:

  • Над 1600 регистрирани членови!
  • Преку 3500 теми!
  • Околу 325000 пораки!
  • 10-тина големи собири и настани!

Нашиот портал прерасна во читан и интересен медиум, преку кој секојдневно Ви ги пренесуваме најважните и најсвежите информации за Автомобилизмот, но исто така ви нудиме и интересни содржини, тестови и совети за вашиот автомобил. Во изминатава година Ви презентиравме:

  • Преку 850 статии, и тоа:
  • 17 тестови!
  • 335 новитети!
  • 110 концепти!
  • и многу, многу повеќе!

На крајот, повторно сакаме да се заблагодариме на сите оние кои цело време се покрај нас, и не бодрат да продолжиме понатаму. Ви благодариме за одличанта прослава, огромна благодарност до ZEC Electronics за подарокот кој го доделивме на еден од нашите членови, DJ Game Over кој се погрижи за одличната атмосфера, но секако и на Гран Клуб кој повторно се покажа како одлично место за нашите прослави!

За утре најавуваме специјално изненадување за нашите посетители и читатели, кое се надеваме дека ќе Ви го задржи вниманието!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.