Панорама: Pagani Huayra – Богот на патот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Pagani Huayra – Богот на патот

Пред повеќе од една година Pagani го претстави нивниот хипер автомобил Huayra, наследникот на популарната Zonda.

Пред повеќе од една година Pagani го претстави нивниот хипер автомобил Huayra, наречен според богот на ветрот Huayra Tata. Автомобилот располага со би-ксенон и LED предни светлосни групи преземени од Zonda R. Задниот браник има интегриран дифузер со четири централно поставени издувни цевки кои станаа заштитно лице на автомобилите на Pagani.

Новата централна конструкција на Huayra е целосно направена од карбон-титаниум, а користењето на сложените материјали и посветувањето на повеќе внимание на деталите резултирало со вкупна тежина на супер автомобилот од само 1,350 килограми, што го прави најлесен во неговата класа.

Во срцето на Huayra е сместен Mercedes-ов AMG V12 твин-турбо агрегат со зафатнина од 5.98-литри, сила од 730 кс и 1000 Nm максимален вртежен момент. Турбата се прилагодени да нудат моментална реакција дури при најмало додавање на гас, давајќи му на возачот целосна контрола врз моторот во секој опсег на вртежи. Огромната сила се пренесува на подлогата преку трансверзен секвенцијален седум-степен менувач со дупла спојка. Перформансите на Huayra се доста имресивни, така што нејзиното забрзување од 0-100 км/ч трае само 3.3 секунди, а максималната брзина изнесува 370 км/ч.

Емисијата на издувни гасови како и потрошувачката на гориво се најниски во класата на спортски автомобили со 12 цилиндри, а големиот резервар од 85 литри ја осигурува способностa на Huayra за крстарење. Над моторот на секој примерок се наоѓа AMG амблем, како и потпис и името на секој инженер што го склопувал агрегатот рачно во фабриката на Mercedes-AMG во Афалтербах, Германија.

Автомобилот вози на ковани алуминиумски AvionAI фелни, создадени преку програмата на Zonda R, обвиени во специјално дизајнирани Pirelli P Zero гуми, кои можат да поднесат брзини над 370 км/ч како и латерални сили од над 1,5G.

Pagani Huayra ги користи сите придобивки на аеродинамиката. Во зависност од нивната позиција, нејзините подвижни крила помагаат за намален коефициент на отпор на воздух при возење, зголемена потисна сила при влегување во свиоци или зголемен коефициент на отпор на воздухот при сопирање. Однесувањето на крилата е регулирано од ABS системот и копмјутерската единица. Овој систем ја подобрува аеродинамичката ефикасност во разновидни услови на возење, каде што нискиот коефициент на отпор не е одлучувачки фактор.

Уште еден витален дизајнерски предизвик за проектот Huayra бил да се осигура непрекинато движење на воздухот преку каросеријата на автомобилот. Текот на воздухот преку автомобилот бил внимателно проучуван, со цел да се добие подобра аеродинамика, а во исто време и ефикасно ладење на агрегатот и сопирачките.

Во внатрешноста, возачот ќе ги најде сите примарни функции на воланот, слично како кај Ferrari 458 Italia. Лопатките за менување брзини се монтирани директно на воланот за возачот никогаш да не треба да ти одвои своите раце од него. Седиштата овозможуваат комфорт на долги релации, а исто така и добра странична поддршка потребна при брзо возење низ свиоци.

Ентериерот е футуристички дизајниран и направен во комбинација од светло кафена кожа, алуминиум и карбон. Алуминиумската централна конзола е инспирирана од најсложените дизајни на Швајцарски часовници и вклучува централен мулти функционален дисплеј. Таа е направена од еден дел од Алуминиум и располага со механички прекинувачи направени во стил на кларинет. Централниот екран на допир е срцето на мултимедијалниот систем на возилото, кој ги контролира аудио функциите, сателитската навигација, Bluetooth поврзувањето со телефон и останатите функции на автомобилот.

Pagani Huayra ќе започне со продажба во 2013 со цена од 850,000 фунти или 1,150,000 долари.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.