RenaultSport Megane Estate GT 220 – Спортски фамилијарен автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

RenaultSport Megane Estate GT 220 – Спортски фамилијарен автомобил

Renault сака да ги задоволи желбите на купувачите кои би сакале да ги комбинираат перформансните способности на Megane RS со практичните придобивки на караван модел со лансирање на сериска верзија од нивниот Megane Estate.

Новиот Megane Estate GT 220 е подготвен од спортската дивизија на Францускиот бренд наречена RenaultSport (RS) и ќе започне со продажба за еден месец во ограничена серија. Автомобилот е доказ дека еден автомобил може да биде практичен, а покрај тоа и да прикаже одлични перформанси. Ги има сите квалитети кои се очекуваат од спортски автомобил, додека во исто време овозможува секојдневно возачко задоволство.

Estate GT 220 го погонува „ослабена“ верзија од 2.0-литарскиот турбополнет четири-цилиндарски агрегат кој произведува 220 кс и максимален вртежен момент од 340 Nm, наместо 265 кс и 360 Nm. Силата се пренесува преку шест-степен рачен менувач кон предните тркала.

Renault не ги објави бројките од забрзувањето и максималната брзина, но истакна дека Estate GT 220 се одликува со просечна потрошувачка од 7.3 литри на 100 километри и емисија на издувни гасови од 169 грама на километар. Направени се и измени на шасијата, која сега е поставена на специјално прилагодена суспензија, сопирачки и системи за електрично управување, додека гумите се исти како кај Megane RS.

Однадвор, моделот добива елементи обоени во сјајна црна боја, како ретровизори, заден дифузер, предни отвори за воздух, како и 18-инчни фелни и специјални назнаки. Во ентериерот, се забележува специфична рачка на менувачот, спортски седишта и волан, плус алуминиумски педали, црвени детали и плочка со серискиот број на примерокот од серијата.

Поврзано:  Renault Rafale пристигна во Македонија!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.