Автомобилистите утре ќе ја блокираат Рузвелтова – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Автомобилистите утре ќе ја блокираат Рузвелтова

Координативното тело на спортски автомобилистички клубови в сабота на улица Рузвелтова во Скопје ќе протестира против Автомобилистичката федерација на Македонија.

Пред три години голем број на авто-клубови беа суспендирани од Автомобилистичката федерација на Македонија како незадоволни од работењето на оваа организација.

Поделбата на клубовите се одрази негативно и на кружните и ридските натпревари низ земјата и во овој популарен спорт сега има многу помалку учесници.

“Ве известуваме дека поради нерешените тригодишни проблеми во Автомобилистичката Федерација на Македонија, мнозинството натпреварувачи со своите натпреварувачки возила, како и дел од фановите и љубителите на авто спортот, на ден 24.11.2012 (сабота) од 13.00 до 15.00 ќе излезат на МИРЕН ДЕМОКРАТСКИ ГРАЃАНСКИ СОБИР за искажување на незадоволството од работењето на моменталното раководство на АФМ како и за глувоста на Агенцијата за млади и спорт (АМС) во врска со истиот проблем и тоа пред просториите на АМС на ул. Рузвелтова бр.34 во Скопје“, се вели во соопштението.

Извор: Дневник



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.