Fiat произведе милион примероци од новиот 500 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat произведе милион примероци од новиот 500

Fiat достигна значајно обележје во производството на нивниот нов 500, така што го произведе првиот милионити примерок од ретро стилизираниот градски автомобил само по пет години од кога започна со продажба.

Автомобилот се произведува од 2007-ма година во Полска, и од 2011-та во Мексико, а досега е продаден во повеќе од 100 земји во светот. За споредба, на неговиот предок, оргиналниот 500 кој беше претставен во 1957, му беа потребни четири години производство за да достигне 180,000 регистрации и заврши со продажба од 3.4 милиони примероци до неговото повлекување.

Милионитиот произведен примерок е Lounge верзија обоена во елегантна Funk White боја и опремен со 1.2-литарски агрегат со 69 коњски сили. Тоа е уникатен автомобил како сите произведени досега. Всушност, благодарение на илјадниците можни комбинации од милионот примероци е навистина тешко да се најдат два идентични 500.

Сепак најзаслужни за оваа бројка се многубројните верзии, почнувајќи од кабриолет верзијата, Abarth спортските модели, како и цел ред специјални едиции.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.