full screen background image
Search

Smart Forstars Concept ги прикажува наредните модели

На овогодинашниот Саем во Париз, Smart ќе го претстави концептот Forstars, кој претставува електричен автомобил со три врати и две седишта.

Forstars е создаден да го прикаже дизајнерскиот правец во кој ќе се движат наредните генерации на моделите на Smart, вклучувајќи ја третата генерација на Fortwo и втората генерација на Forfour. И двата модели се развиваат и ќе бидат произведени во соработка со Renault, кој ќе претстави и негови верзии од истите.

Forstars ја има истата основа како For-us пикап концептот, кој имаше позади поставен мотор и заден погон. Три-вратниот хечбек претставува спортско корисно купе кое се разгледува од страна на Mercedes-Benz за да се додаде во гамата на Smart како достапен конкурент на претстојниот Volkswagen CrossUp.

Силата на Forstars доаѓа од plug-in електричен систем, кој се состои од  електричен мотор со 80 кс и 135 Nm монтиран на задната оска поврзан на литиум јонска батерија од 17.6 киловат часа. Силата се пренесува кон задните тркала со максимална брзина од над 130 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.