Volkswagen го претстави Cross Caddy – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го претстави Cross Caddy

Најновиот член на Cross фамилијата на VW, покрај Polo, Golf и Touran e патничката верзија на Caddy.

“Cross” верзијата на Caddy е базирана на „обичната“ верзија на ова возило, но додадени се оние вообичаени елементи кои придонесуваат за “off-road” изгледот.

Да видиме од што се состои “Cross” пакетот наменет за Caddy. Прво ќе го забележиме предниот спојлер, како и страничните прагови кои се продолжени и над тркалата. Забележителни се и сивите заштитни делови, како напред, така и на задниот дел.

Cross Caddy нуди и затемнети прозорци, сребрени шини на покривот, а тука се и новите 17-инчни алуминиумски фелни обвиткани со 205/50 R17 гуми. Исто така Cross Caddy може да биде во осум нови бои, од кои најзабележителна е Viper Green бојата која е позајмена од Scirocco. Внатрешноста добива двобоен ентериер, како и кожни елементи на воланот и менувачот.

Cross Caddy може да биде во изведба со пет или седум седишта, а во својата понуда ќе ги има веќе добро познатите мотори на Volkswagen – TSI и TDI. Исто така Cross Caddy може да биде и со DSG автоматскиот менувач, како и 4 MOTION погонот на сите тркала.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.