Smart го подготвува For-Us за Детроит? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Smart го подготвува For-Us за Детроит?

Во обид да се приближи повеќе кон Американските купувачи, Smart ќе им го понуди токму она што највеќе го сакаат – пик-ап!

Со навистина скромните надворешни димензии (должина/ширина/висина од 3547/1506/1701mm), малиот Smart е навистина лилипутански, барем по стандардите на Американците – но тоа што му недостига во дизмензии, ќе го надополни со практичност, шарм и модерна технологија. Концептот ќе биде придвижуван од електричен мотор со моќност од 75 коњски сили и 130 Nm вртежен момент, а тоа е сосема доволно за перформанси потребни во градски услови.

Сепак, ќе го причекаме салонот на автомобили во Детроит за да видиме како навистина ќе изгледа, а до тогаш можеме само да ги погледнеме скиците на дизајнерите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.