Претставен концептот на BMW Серија 1 GT со преден погон – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен концептот на BMW Серија 1 GT со преден погон

BMW ја напушти нивната славна традиција на надолжно поставени мотори и погон на задните тркала со овој нов Concept Active Tourer, предводник на многу дискутираната гама со погон на предните тркала.

Според BMW, студијата е насочена кон купувачите од премиум сегментот кои ценат високо ниво на комфорт, повисока позиција на седење и многу простор, а исто така ќе биде атрактивен за семејства на кои им се подеднакво важни функционалноста и практичноста со животниот стил.

Пет-вратниот хечбек, претставен една недела пред неговата премиера на Саемот во Париз, е plug-in хибрид со погон на сите тркала. Предните тркала ги придвижува попречно монтиран 1.5-литарски три-цилиндарски турбодизел агрегат, додека задните тркала се погонувани од електричен мотор кој по потреба може самостојно да го погонува автомобилот.

Максималната сила која се добива од оваа комбинација изнесува 190 кс, што е доволно за забрзување од 0-100 км/ч за помалку од осум секунди и максимална брзина од околу 200 км/ч. Просечната потрошувачка на гориво изнесува 2.5 литри на 100 километри со CO2 емисија од помалку од 60 грама на километар.

Неговата платформа е позната под името UKL1 и ќе се користи во две должини, за следната генерација на Mini и новата гама на основни модели на BMW. Високиот пет-вратен хечбек има должина од 4,350mm, ширина од 1,834mm и височина од 1,560mm, а вози на релативно долго меѓуосовинско растојание од 2,670mm. За споредба, неговиот главен конкурент, новиот Mercedes-Benz B-класа е само 9mm подолг, 48mm потесен и 3mm повисок.

Дизајнот на Concept Active Tourer e во линија со најновите креации на BMW, посебно Серија 3 и Серија 5. Доколку автомобилот излезе во сериско производство, се очекува надворешниот изглед да не биде променет, покрај тоа што најверојатно 20-инчните тркала ќе бидат заменети со помали. Сепак, се очекува ентериерот да не биде толку префинет.

Бидејќи ова е само концепт, останува да видиме дали сериската Серија 1 GT ќе биде понудена со хибридни погони, но сигурно е дека новите 1.5-литарски турбополнети бензински и дизел агрегати ќе бидат во понудата.

Поврзано:   Flow Nostokana е најновата арт инсталација на BMW и Esther Mahlangu



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.