full screen background image
Search

Официјално: Mini Paceman Crossover

Mini денес официјално го претстави нивниот нов Paceman модел, кој ќе ја доживее премиерата на Автомобилскиот Саем во Париз за една недела.

Претходно прикажан преку концептот Paceman на 2011-тото издание на Автомобилскиот Саем во Детроит, најновиот модел на Mini е спортска купе изведба на кросоверот Countryman. Со неговата должина од 4,109mm, Paceman e за 24mm пократок и 31mm понизок од Countryman, а вози 10mm поблизу до земјата. Mini вели дека пониската шасија и изменетата суспензија ќе му понудат на Paceman постортско управување од Countryman.

Што се однесува до дизајнот, Paceman располага со закосена линија на кровот, подолги предни врати, мускулести задни крила и комплетно нов заден дел на кој се наоѓаат редизајнирани светлосни групи кои даваат поспортски изглед.

Во внатрешноста, автомобилот има четири места за седење со поделена задна клупа и багажен простор од 330 литри, кој со преклопување на задните седишта достигнува 1,080 литри, така што во спореба со Countryman е помал за 20, односно 90 литри.

На почеток, ќе бидат понудени два бензински и два дизел агрегати преземени од Countryman.

Од бензинските, Paceman ќе се нуди со 1.6-литарски четири-цилиндарски агрегат со 122 кс кој забрзува од 0-100 км/ч за време од 10.4 секунди и забележува просечна потрошувачка од 6.0 литри со емисија на гасови од 140 грами на км. Cooper Paceman S ќе располага со 184 кс силна верзија од истиот бензински агрегат и забрзува до 100 км/ч за 7.5 секунди со потрошувачка од 6.1 литри со емисија на гасови од 143 грама CO2 на изминат километар.

Поврзано:   MINI подготви освежување за скоро целата гама на модели.

Дизелската понуда го вклучува Cooper D Paceman со 1.6-литарски турбополнет четири-цилиндарец со 112  кс и забрзување од 0-100 км/ч за време од 10.8 секунди. Овој модел има економија на возење од 4.4 литри со издувни гасови од 115 грами на км. Посилната дизел варијанта е Cooper SD Paceman, кој добива 2.0-литарски мотор со 143 кс. Тој забрзува до 100 км/ч за 9.2 секуди и има просечна потрошувачка на гориво од 4.6 литри.

Сите модели ќе бидат понудени со стандарден шест-степен рачен менувач и опционална шест-степена автоматска трансмисија. Покрај најмоќната Cooper S варијанта која доаѓа со погон на сите тркала, другите три модели се со преден погон, но можат опционално да бидат опремени со погон на сите тркала.

Продажбата на Mini Paceman ќе започне следната пролет со почетна цена од околу 24,000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.