Volkswagen Golf VII ќе биде претставен на 4-ти Септември – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Golf VII ќе биде претставен на 4-ти Септември

Седмата генерација на VW Golf ќе биде претставена на 4-ти Септември, во текот на настан кој ќе се одржува во Новата Национална Галерија на модерна уметност во Берлин.

Volkswagen Golf VII ќе започне со производство во овој месец, а најверојатно ќе го доживее неговото јавно дебитирање на Саемот во Париз, кој ќе се одржува помеѓу 29-ти Септември и 13-ти Октомври. Неговата продажба во Европа ќе започне во Ноември.

Покрај фактот дека Golf VII ќе го следи традиционалниот дизајн на моделот, што значи дека ќе биде еволуција од сегашната генерација, тој ќе вози на новата MQB платформа. Да ве потсетиме, оваа платформа на Seat Leon му овозможи помала тежина за 90 килограми.

Понудата на мотори ќе се состои од малолитражни, турбополнети бензински и дизел агрегати, вклучувајќи ги 1.2 и 1.4-литарските TSI бензински мотори кои се опремени со Volkswagen-овиот АCT систем, кој може да деактивира два или три цилиндри со цел да на подобри потрошувачката на гориво.

Славниот GTI модел ќе располага со 2.0-литарски TSI-агрегат кој произведува 260 кс и ќе биде лансиран во наредната година, заедно со најсилната верзина со погон на сите тркала R. Volkswagen исто така планира да претстави и хибридна верзија од Golf VII како и целосно електричен модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.