full screen background image
Search

Сите податоци за новиот SEAT Leon!

Seat објави нови фотографии, технички детали но и целосно промотивно видео за новиот Leon!

CARclub.mk пред некој ден прв го претстави новиот Leon, а сега повторно имаме детали за него.

Премиерата на третата генерација на Leon е закажана за саемот во Париз каде ќе биде претставен Leon во хечбек изведба со пет врати, а подоцна понудата ќе биде проширена со повеќе мотори и нова каросериска изведба. Во најава е купе-изведба со три врати, која би требало сериозно да конкурира на Astra GTC, Megane Coupe и другите вакви модели.

На самиот почеток, Leon ќе биде во понуда со неколку мотори, а тоа се 1.6 TDI со 105 КС и појакиот 2.0 TDI со 150 КС, а во понудата ќе се најдат и 1.2-литарскиот бензинец со 86 и 105 КС, 1.4-литарскиот бензинецот со 122 КС, но 1.8-литарскиот TSI со 180 КС кој додека да се појават помоќните FR и Cupra, односно Cupra R модели ќе биде најсилната понуда. Понатаму можеме да очекуваме и проширување на дизелската гама со 1.6 TDI со 90 КС и 2.0 TDI со 184 КС.

Seat ја истакнува и економичната страна на новиот Leon. Така Leon 1.6 TDI кој има 105 КС и 250 Nm вртежен момент во Ecomotive изведбата (која вклучува start/stop систем и систем за регенерација на силата на кочењето) има просечна потрошувачка од само 3,8 l/100km, додека емисијата на штетни гасови е сведена на 90 грама по km. Leon 2.0 TDI со 150 КС и 320 Nm вртежен момент троши 4,9 l/100km.

Поврзано:   SEAT се подготвува да ги претстави освежените Ibiza и Arona

Во зависност од моторот, Leon ќе биде во понуда со пет и шест степен мануелен менувач, а тука ќе бидат и шест и седум-степениот DSG автоматски менувач.

Новиот LEON e долг е 4263 mm, широк 1816 mm а висок 1459 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2636 mm, додека багажниот простор брои 380 литри или 39 литри повеќе од сегашниот модел. Исто така една од најбитните работи кај новиот Leon е тоа што е и прилично полесен од својот претходник т.е. сега Leon е полесен за 90 kg.

Тоа се новите детали кои ви ги пренесуваме за Seat Leon, новиот адут на Seat кој е и првиот модел на Шпанската компанија која ќе го носи новото, модификувано лого. Во продолжение да ги погледнеме новите фотографии и промотивното видео за новиот Leon, на кое ние му додадовме музика од DJ Gameover.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.