Aspid GT-21 Invictus – Шпански Предатор – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aspid GT-21 Invictus – Шпански Предатор

Шпанскиот автомобилски производител, Aspid го претстави нивниот втор спортски модел наречен GT-21 Invictus.

Овој спортист со застрашувачки изглед ќе испорачува 450 кс кон задните тркала, благодарејќи на BMW-овиот 4.4-литарски V8 мотор усогласен со шест-степен мануелен или седумстепен автоматски секвенцијален менувач со двојна спојка. Неговото забрзување до 100 километри на час се очекува да биде под 3 секунди, додека максималната брзина би била над 300 км/ч.

Aspid тврди дека автомобилот ќе тежи 990 кг и ќе постави нови стандарди на стабилност во свиоци. Што се однесува до димензиите, овој модел е долг 4447 mm, широк 1902 mm, висок 1226 mm, додека зафатнината на багажникот изнесува 275 литри.

Втората креација на Aspid располага со сличен екстремен стајлинг како Aspid Super Sport, но ќе биде првиот GT автомобил дизајниран со полуотворен распоред на тркалата. За разлика од Super Sport, кој има место само за двајца патници, GT-21 Invictus ќе има 2+2 распоред на седење, па така во него ќе можат да се сместат четири возрасни лица.

Aspid ќе започне со производство на овој модел во 2014 година, а ќе се произведуваат 250 автомобили годишно, кои ќе бидат продавани во 20 претставништва низ Европа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.