Како работи ACT – Active Cylinder Management на Volkswagen? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Како работи ACT – Active Cylinder Management на Volkswagen?

Погледнете едно краткотрајно, но интересно и едукативно видео за тоа како работи системот за деактивирање на цилиндри во моторот на Volkswagen.

Технологијата дозволува деактивирање на два од четирите цилиндри во моторот. Придобивките се намалена потрошувачка и намалено загадување, а исклучувањето и вклучувањето на вториот и третиот цилиндер на моторот е неприметливо за возачот. Со оваа технологија потрошувачката се намалува и до 20% во одредени услови, односно 0.4 литри на 100 изминати километри, а емисијата на штетни гасови се намалува за 8 грама на изминат километар.

Оваа технологија ќе ја видиме во новата генерација TSI мотори кои ќе се вградуваат во новите модели на Volkswagen. Веќе знаеме дека ќе се вградува во Polo BlueGT, а ќе се вградува и во сите други нови модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.