Ќе има купе и караван верзии од Seat Leon – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ќе има купе и караван верзии од Seat Leon

Seat објави дека три-вратната верзија од новиот Leon дефинитивно ќе биде купе, односно ќе биде поширока, пониска и поагресивна верзија на моделот со пет врати, а главни конкуренти ќе и бидат Renault Megane Coupe и Opel Astra GTC.

Seat вели дека три-вратната верзија ќе биде многу близу до IBE концептот прикажан на Женевскиот Саем во 2010. Ќе располага со пократко меѓуосовинско растојание и закривена линија на покривот, по што ќе се разликува од стандардниот модел. Караванот ќе има спортски изглед, кој нема да ја намали неговата функционалност. Seat цели кон модел кој ќе изгледа како да е од премиум класата, а ќе се огледува на BMW Серија 3 Touring.

Сепак, не е потврдено дали три-вратните и караван верзиите ќе ги преземат SC и ST назнаките, кои се користат на еквивалентните модели на гамата на Ibiza, иако логично е дека ќе бидат. Нема да има кабриолет и моноволуменска изведба (Аltea), но во план е кросовер инспириран од IBX концептот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.