Панорама: Opel Astra OPC – Најбрзата Astra досега! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Opel Astra OPC – Најбрзата Astra досега!

Започна продажбата на најмоќната Astra која може да се купи – а таа може да се пофали со 280 коњски сили и забрзување до 100 километри на час за само 6 секунди!

Конкуренцината меѓу компактните хечбекови со високи перформанси е навистина голема. Тука е неизбежниот Golf GTI (или неговата R изведба), Seat Leon Cupra R, Renaultsport Megane RS, новиот Ford Focus ST и уште неколку конкуренти кои се борат да ги освојат вашите пари но и вашиот избор кога станува збор за фамилијарно возило кое може да понуди и забава кога е потребно.

Но сега и Opel ја фрли својата ракавица во рингот – и тоа со многу добро подготвен натпреварувач. Како и повеќето конкуренти, и новата Opel Astra OPC има дволитарски бензински турбо-мотор, но Astra нуди убедливо највеќе моќност – дури 280 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Резултат на моќниот мотор се и импресивни перформанси – 100 километри на час се достигнуваат за само 6 секунди а максималната брзина е 250 километри на час!

Секако, и ентериерот е привлечно место. Тука се спортските седишта кои нудат максимална поддршка во свиоците, а останатиот дел од ентериерот ни е веќе добро познат од стандардната Astra и Astra GTC.

Но она што е навистина важно за Astra OPC се HiPer Strut и FlexRide системите кои го подобруваат управувањето и му помогаат на автомобилот подобро и посигурно да ја пренесе целата таа моќност на асфалтот. Секако, тука огромна улога игра и механичкиот диференцијал со ограничено пролизгување, како и одличните Brembo кочници кои ги задржуваат своите перформанси дури и кога се навистина загреани.

Поврзано:   Opel Astra добива нов лајт-хибриден погон

Нам ни останува само да чекаме и да се надеваме дека наскоро ќе видиме и еден ваков тркач на нашите улици. Opel има навистина сериозен конкурент и добро подготвен играч кој во еден пакет нуди многу технологија, импресивни перформанси и одличен дизајн!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.