Официјално: Opel Adam – Модерен Градски Малишан – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Opel Adam – Модерен Градски Малишан

Ова е Opel Adam, автомобил од А-сегментот со многу опции за персонализација, спремен да им се спротивстави на сериозните ривали Mini Cooper и Fiat 500.

Opel цели кон тоа да го повтори успехот на Fiat 500 со нивниот урбан, стилски, мал автомобил Adam, наречен според основачот на компанијата, Adam Opel. Дизајнот на автомобилот за разлика од неговите конкуренти е повеќе модерно настроен и нема ретро елементи. Се забележуваат линии и форми преземени од неговиот поголем брат Astra GTC, додека покривот кој е во друга боја изгледа како да лебди над каросеријата.

Германскиот производител вели дека Adam ќе биде првиот модел од А-сегментот кој ќе има опција за дневни LED светла. Исто како и неговите ривали, Opel ќе нуди огромен избор на опции за персонализирање на автомобилот. Покрај тоа, градскиот автомобил има врвен мултимедијален систем со седум инчен екран во боја, дизајниран да поддржува Bluetooth, како и поврзување со паметните телефони со Android или Apple iOS софтвер.

Купувачите исто така ќе имаат опција за волан со греење како и декорација на внатрешниот дел од кровот во вид на LED ѕвездено небо. Другите технолошки добра вклучуваат систем кој пребарува место за паркирање адекватно за големината на автомобилот и потоа со допир на копче го управува автомобилот кон него, додека возачот управува со папучиците за гас и сопирање.

Со должина од 3,700mm, широчина од 1,720mm и меѓуоскино растојание од 2,311mm, Adam е поблиску до 3,723mm долгиот Mini одколку 3,546mm долгиот Fiat 500.

Од почеток, купувачите ќе имаат избор помеѓу три ecoFLEX бензински мотори со четири цилиндри вклучувајќи го 1.2-литарскиот агрегат со 69 кс, плус 1.4-литарски мотори со 86 кс или 99 кс. Сите мотори се усогласени со пет-степен мануелен менувач и опционално ќе бидат достапни со старт/стоп технологија. Понудени ќе бидат три типа на опрема: разнобојниот “JAM”, елегантниот “GLAM” и спортскиот “SLAM”.

Следејќи ја неговата светска премиера на Парискиот Автомобилски Саем во Септември, Adam ќе започне со продажба во Европа на почетокот од 2013.

Поврзано:   Opel најавува важен новитет - Frontera се враќа!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.