Премиера: Новиот BMW Серија 3 Караван – Мега Галерија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот BMW Серија 3 Караван – Мега Галерија

BMW денес ги објави првите официјални слики и информации за Караван верзијата на новата Серија 3.

Серија 3 Караван повторно ќе нуди флексибилност и корисност, комбинирани со динамиката на возење од типично спортскиот седан, BMW Серија 3. На Европскиот пазар ќе се појави во крајот на годинава.

Како неговата седан верзија, новиот Караван е незначајно поголем од неговиот претходник. Најприметливо е зголемувањето на широчината, +37 mm напред, а +48 mm на задните оски. Должината на автомобилот е зголемена за +97 mm, а меѓуоскиното растојание за +50 mm. Во внатрешноста има значително повеќе место за патниците, како последица на зголемувањето на димензиите. Ова исто така влијае и на корисноста со околу десет посто поголем волумен на багажникот во исправена или спуштена положба на седиштата.

Новиот Серија 3 Караван ќе биде следниот модел кој BMW ќе го нуди со истите можности на избор на опрема како кај седанот, во Sport line, Luxury Line и Modern Line, а покрај ова во понуда ќе биде и истата палета на мотори како седанот. За поспортски настроените, BMW ќе го нуди опциониот M Sport пакет кој покрај останатото располага со спортски седишта, спортски кожен волан, тркала од 18 или 19 инчи, аеро боди кит, спортски дотерана суспензија и M Sport кочници.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.