Спортскиот и елегантен дизајн на моделот со три врати, заедно со додатниот избор на мотори се три различни одлики кои го истакнуваат оргиналниот профил на BMW Серија 1 како препознатлив стандард за чисто возачко искуство во премиум сегментот на компактни возила.
Тривратната верзија има моќни пропорции, типични за овој бренд и уникатен изглед благодарејќи на динамично растегнатата странична линија и страничните врати со прозорци без рамки околу стаклата.
Понудата е збогатена со поширок спектар на бензински и дизел мотори, па сега тука е и новиот BMW 114i како основен модел со веќе познатиот 1.6 литарски мотор, но овој пат ослабен на 102 коњски сили и 180 Nm. Неговото забрзување од 0-100 трае 11,2 секунди, а постигнува максимални 195 километри на час.
Стандардно, во тривратната “единица” ќе се вградува шестстепен мануелен менувач, додека осумстепениот автоматски е даден како опција, а во сите модели сериски следува Старт-Стоп систем. BMW исто така најавува дека во Ноември ќе се појави и Серија 1 со погон на сите четири тркала, а тоа се моделите 120d xDrive и M135i xDrive.