Зелено светло за Peugeot 208 GTI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Зелено светло за Peugeot 208 GTI

Peugeot 208 GTI е одобрен да започне со производство и ќе ја направи неговата светска премиера во сериска верзија на Парискиот Саем во Септември.

208 GTI ќе биде многу сличен со истоимениот концепт, виден на Саемот во Женева годинава. Сепак, спротивно на претходните изјави од Peugeot дека ќе биде најдобар во класата, моделот нема да биде толку тркачки ориентиран како Renault Clio RS, туку ќе биде поумерен градски спортист.

Ќе биде погонуван од истиот 1.6-литарски бензинец со турбополнач кој се наоѓа во Citroen DS3 и Mini. Ќе се продава во две верзии: со 154 кс и 204 кс, со тоа што посилната верзија најверојатно ќе се вика GTI Racing и ќе забрзува од 0-100 км/ч за помалку од 7 секунди. Автомобилот ќе располага со потврда и пониска суспензија, како и посебни стилски детали по кои ќе се издвојува од послабите верзии.

Покрај GTI, се очекува и сериска верзија од XY Concept, исто така прикажан на Саемот во Женева. Овој стилски 208 ќе треба да им се спротивстави на DS3, Fiat 500 и Mini, како и на најновиот ривал Opel Adam.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.