Концептот EXP 9 F SUV на Bentley ги освои срцата на повеќе од 2000 заинтересирани купувачи за негова понатамошна сериска верзија.
Овој концепт дебитираше уште пред неколку месеци, но се појави и минатата недела на фестивалот на брзината Goodwood во Велика Британија, а Bentley сега објави и неколку фотографии од теренецот во акција.
Разбрано е дека Bentley го презентирале планот за понатамошниот напредок на проектот, на одборот на Volkswagen групацијата. А поради големата заинтересираност, најверојатно е дека развојот ќе продолжи понатаму и дека овој модел ќе доживее сериско производство.
На сериската верзија ќе и бидат изменети предниот и задниот дел, додека ентериерот како најомилен дел на потенцијалните купувачи ќе биде во голем дел идентичен и само минимално изменет.