Како што најавивме претходно, последните примероци од Aston Martin DBS ќе се продаваат на пазарот како ограничена серија наречена Aston Martin DBS Ultimate Edition. Сега ви ги претставуваме првите фотографии и детали за неа.
Ова последно издание на DBS носи 6.0 литарски V12 мотор со 210 коњски сили и 570 Nm, во понуда со 6-степен мануелен или автоматски менувач. Ќе биде достапно како Coupe или Volante верзија, во три бои: Carbon Black II, Quantum Silver и Silver Fox.
Секако, се работи за ограничена верзија иако засега не е познато точно колку примероци ќе бидат произведени. Неофицијално, се работи за 100 примероци, а секој од нив ќе има и плочка со серискиот број на примерокот од серијата, како и специјална ознака.
DBS Ultimate Edition се истакнува со ретровизори од јаглеродни влакна, црна предна решетка, затемнети задни светла, капаци на кочниците во жолта, црвена или црна боја, кожа и алкантара во ентериерот и DBS лого на наслоните за глава.