Smart го потврди производството на escooter – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Smart го потврди производството на escooter

Smart ги објави плановите да започне со производство на нов, целосно електричен скутер, попознат како escooter, во 2014 година.

Концептот располага со 48-волтна литиум-јонска батерија која го ја користи 5.4 коњскиот електричен мотор. Ова му овозможува на скутерот автономија од 100 километри со брзина до 45 километри на час.

Компанијата истакна дека дизајнот на скутерот ќе биде доразвиен и усовршен пред да пристигне во салоните во 2014.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.